Премногу планирање не е на добро!
Со сигурност имате некоја пријателка која сака да го испланира излегувањето со вас уште пред две недели. Можеби тоа делува како екстра практична работа, но научниците сега мислат дека вашата пријателка можеби и не го прави најдобриот избор.
Истражувачите од Универзитетот во Охајо преку серија истражувања докажаа дека спонтаното дружење или излегување може да биде многу позабавно, за разлика од она кое го планирате со денови или недели. Нивните докази имаат потполна смисла, затоа што сакаме времето за опуштање да биде баш опуштено, а не исфорсирано.
Научничката Селин Малкок смета дека модерниот начин на живот направи да бидеме опседнати со деловна култура, точност и планирање. Според експертите, сега дури и го планираме слободното време, затоа што мислиме дека токму планирањето ќе нè направи среќни, но тоа е погрешен став. Научниците велат дека работите треба малку да ги препуштите сами на себе, без планирање, затоа што неизвесноста е возбудлива и го прави животот интересен.