Освежете го својот аутфит со нивните уникатни плетени чанти – Magic Hands
Во рачните изработки има навистина посебен шмек.. Кога купувате рачна изработка, купувате љубов! Потребна е огромна количина на љубов, трпение и желба за да се изработат. Денеска ве запознаваме со Magic Hands чанти кои имаат моќ да привлечат сечие внимание.
Создадени со особено внимание на деталите и од висококвалитетни материјали, чантите Magic Hands се вистински уникатни и практични. Без разлика дали сте на плажа, во град или на пат, нивните чанти ќе ви обезбедат загарантиран урбан моден изглед и удобност. Откријте го вашиот нов омилен аксесоар и изразете ја својата индивидуалност со стил заедно со Magic Hands.
Magic Hands изработуваат чанти според замислата и желбата на клиентот, достапни се за комуникација и нарачка на нивниот Фејсбук и Инстаграм профил. Вршат безбедна достава до адреса низ цела Македонија.
Подарете си себе си или на вашите пријателки уникатно изработена чанта која загарантирано ќе го подобри секојдневниот моден изглед!