Рецепт за убав денУбави луѓе

Рецепт за убав ден на Наде Стојилковиќ

Во рубриката “Рецепт за убав ден” денеска се дружиме со авторката Наде Стојилковиќ. 

Успешен ми е секој ден кога ќе се разбудам со позитивни мисли, и најчесто е така, а денот ќе го започнам со омиленото капучино. За совршен ден ми недостасува горното турско кафе, од кое морав да се откажам, но и капучино е одлична замена. Денот ми продолжува со читање или пишување, зависно од моментите на мојата креативност. Бидејќи сум “хрчак” по природа, собирам се и сешто – книги, букмаркери, минијатури на споменици од разни градови, стаклени топки, кукли, понекогаш убав ден ми е оној кога во моите колекции ќе додадам макар едно ново букмаркерче, и тоа цел ден ми предизвикува нас насмевка… Ова ко кажав како пример колку знам да се радувам на малите работи во мојот живот. Секако, денот е уште посреќен ако се сретнам со пријателки, пиеме кафе, разменуваме мислења за книги, ако ги видам моите најмили… Затоа мојот рецепт на денот е: животот е краток – радувајте им се и на малите нешта.

Поврзани статии

Back to top button