Мирослав Мика Антиќ: „Понекогаш ја измислувам сегашноста, колку да имам каде да преноќам“
Мирослав Мика Антиќ е познат српски поет. Цел живот работел интересни професии освен што пишувал. Бил морнар, новинар, сликар… Неговите мисли се толку уникатни и непосредни. Ќе направат да ви е топло и удобно во срцето и истовремено силно ќе ве поместат од точката на ротација. Уживајте и имајте убав ден со муабетите на Мика Антиќ.
Ако сега не си ти, никогаш нема да бидеш. Не е сè во свое време, туку сè во твое време.
Не сонуваме сите исто и тоа никому не му смета. А, зошто си сметаме еден на друг кога сме будни?
Животот е најголем кога не си свесен дека живееш туку мислиш дека сонуваш.
За да сакаш вистински треба да израснеш во дете.
Колку повеќе ја трошиш љубовта толку повеќе ќе ја имаш.
Јас сум собирач на необични работи. Другите нека собираат значки и марки. Јас собирам денови, часови и мигови.
Не постојат две исти среди или два исти петоци. Така е и со љубовта. Секоја нова љубов има друга вредност, се живее секој пат одново.
Луда моја, зар не знаеш? Прекрасно е да немаме план!
Не се плашам од забите, тие се помеки од усните. Забите ќе гризнат за момент, а усните за цел живот.
Понекогаш ја измислувам сегашноста, колку да имам каде да преноќам.
Знаеш што ќе ти направам? Ќе ти ја расипам таа играчка која болка ти се вика.
Ти си најбесрамната девојка меѓу жените кои сум ги сретнал и најсрамежливата жена меѓу девојките кои ги познавам.
Во самотијата сме луѓе. Помеѓу луѓето сме само метеж.
Не се учи сакањето од книга или на школо. Тоа се учи кога ќе го отворите срцето, без разлика дали боли или не.