ЖИВЕЈ ДЕНЕС ПОВЕЌЕ ОД ВЧЕРА И УТРЕ
Здраво на сите.
Денес ќе ви откријам една моја мала тајна, ќе ја откријам за сите вас, пред се за сите девојки, за сите оние кои се борат со лош ден, со непреспиена ноќ, со тахикардија, за сите оние кои се борат на нозе да се издигнат. За сите оние кои мислат дека кога ќе престанат да се борат ќе го добијат тоа што го сакаат не знаејќи дека вистинската борба токму тогаш започнува. Борбата да го задржиш она што го сакаш е многу потешка и без крај, особено доколку се бориш да се задржиш себе си. Ако не го искористиш моментот, сегашноста се ти е залудно, вчера поминало, утре може и да не дојде, додека во рацете сигурно ја стискаш сегашноста искористи ја! Нема погрешно време, нема лош момемт, има само прилика во сегашноста, не ја уништувај сегашноста поради минатото кое нема иднина. Ти го кажувам ова бидејќи јас се се плашев да уживам во сегашноста, се плашев и да ги пуштам сеќавањата на минатото да си останат заробени во него, си ги носев, си ги оживував во сегашноста и бев заглавена помеѓу нив, како да горев измеѓу два огна, заглавена во сегашноста. Се држев цврсто за минатото оти мислев дека минатото сегашноста иднината се деловите од мојата книга кои треба да бидат поврзани за на крајот книгата да си ја добие својата смисла, ама животот ме научи, дека сето тоа се поглавја, лекции од кои извлекуваме поуки. Минатото ги претставува лекциите добри и лоши, среќни и болни и од едните и од другите потребно е да извлечеме поука и да не ги поврзуваме со сегашноста, бидејќи и денес утре ќе биде вчера и повторно ќе се сведе се на лекциите, а иднината со ништо неможеме да ја предвиди. Може да се изгради само добра сегашност, сегашност во која ќе испишеме нови страници, сегашност која ќе ја почувствуваме како мир во душата и сегашност во која гордо ќе ги носиме раните кои животот ни ги нанел, можеби некои се уште не се заздравени, можеби понекогаш се уште крварат и болат, но што ти вреди животот ако ги немаш? И да заздрават раните лузните ќе ти останат лекции од минатото кои како круна ќе ги носиш на себе си, тие ќе те потсетуваат, која си што си и колку било тешко да израснеш во личност каква што си сега. Сакај си ги раните, лузните пак многу повеќе од се од се останато. Тие не се знак на слабост, храброст се. Носи ги гордо како фризура, како шминка, како високи потпетици, како тетоважа оти тие ти се сидрото на животот, тие те изградиле во цврста личност како што си денес, но не заглавувај помеѓу нив денес живеј, не запирај, сети се, понекогаш, еднаш месечно… годишно.. Сети се дека денес е многу повеќе од вчера, повеќе од утре. Денес е моментот кога треба да дишеш со полни гради, да ги прифатиш сите предизвици, да го превземеш кормилото на животот во твои раце и да запловиш со насмевка во новиот ден.
Автор: Викторија Стојовска
Испратете и Вие ваш текст на info@ubavo.mk