ЖивотУбави совети

Во кој месец сте родени, таква е вашата судбина: Без грешка го открива вашиот карактер и го предвидува вашиот љубовен живот

За астролозите и нумеролозите, месецот во кој сте родени има посебно значење.

Во минатото животот се организирал според природните циклуси и фазите на Месечината, поради што месецот на раѓање е многу важен како показател за нашиот карактер и особини.

Јануари
Во јануари владее античкиот или стариот месец. Вие сте роден лидер кој пред себе има јасна визија и точно знае што сакате. Сакате стабилност и безбедност, вашето семејство ви е на прво место.

Февруари
Февруарскиот снежен месец се нарекува и месец на гладните поради недостаток на храна во последниот месец од зимата. Вие сте скромни и благородни, сакате да им помагате на другите луѓе да започнат одново и да ја надминат болката од минатото.

Март
Овој месец го означува почетокот на пролетта и будењето на земјата. Имате високи цели и голема желба за создавање. Ништо не ви е тешко, полни сте со енергија.

Април
Месецот април е под покровителство на Венера. Родените во овој месец се водени од љубовта и се што прават, го прават со срце. Сакаат романса.

Мај
Мај се смета за еден од најубавите месеци бидејќи е полн со живот и радост благодарение на цвеќињата кои цветаат и мирисаат насекаде околу нас. Вие сте такви, весели, оптимисти, зрачите со енергија.

Јуни
Јуни е богат и плоден месец во кој се берат зрели плодови. Родените во јуни се вредни, способни се да направат се за да постигнат просперитет.

Јули
Јули е време на просперитет, но нема многу простор за мечтаење, наместо да размислувате за есен. Родените во јули знаат да одржуваат рамнотежа помеѓу должноста и задоволството.

Август
Месечината во август поради жештините често добива црвеникава нијанса, поради што август се нарекува и црвен. Доколку сте родени во овој месец, знаете да работите со други луѓе и да имате блиска врска со природата.

Септември
Првиот месец од есента е време на жетва и плоден месец. Родените во овој месец имаат развиена интуиција која ги води на вистинскиот пат до она што го сакаат.

Октомври
Октомври е месец на лов во многу древни култури, поради што октомври понекогаш се нарекува и крвен месец. Ако сте родени во октомври, имате силни животински инстинкти, импулсивни сте и страсни. Животот ви дава изобилство.

Ноември
Деновите стануваат се пократки и темниот месец ноември не подготвува да поминеме повеќе време во затворени простории. Темнината го крие вашиот вистински потенцијал, што е одлично. Вие сте на мисија да завршите некоја недовршена работа на предците.

Декември
Почетокот на зимата е означен со појавата на дабовата месечина. Ако сте родени во овој месец, имате сила, а ако ја искористите на вистински начин, ќе ви помогне да ги преживеете сите тешкотии на кои ќе наидете.

Поврзани статии

Back to top button