ЖивотУбави совети

Евтини се, ја чистат крвта и имаат само 43 калории

Тие се неверојатно лековити, имаат двојно повеќе витамин Ц од боровинките и не се ни приближно популарни како малините.

Порано капините важеа за сезонско уживање, но денес во продавниците можеме да ги најдеме во текот на целата година. Покрај тоа што се вкусна закуска, тие имаат многу придобивки за нашето здравје благодарение на многуте хранливи материи што ги содржат, известуваат од Клиниката Кливленд. Како што објаснуваат диететичарите, капините се богати со витамини, минерали, влакна и антиоксиданси.

Овие хранливи материи се неопходни за одржување на добро здравје, а сегашните истражувања покажуваат дека антиоксидансите во капините можат да го намалат воспалението и да спречат многу болести, вклучувајќи го и ракот. Капините исто така се нискокалорични, а само една шака содржи само 43 калории.

Експертите наведуваат дека оваа храна треба да се консумира што почесто пред се поради нејзините здравствени придобивки. Имено, како што велат, придобивките од редовното консумирање капини се следните:

Намалување на воспалението во телото

Забрзување на метаболизмот

Помагаат за губење на тежината

Ја чистат крвта

Забрзуваат варење

Намалување на ризикот од болести на срцето и циркулаторниот систем.

Освен што ги јадете како здрава ужина, капините се одлични и како додаток на јогурт за појадок или овошна салата.

Поврзани статии

Back to top button