Рецепт за убав денУбави луѓе

Рецепт за убав ден на Марија Младенова

Таа е млада и успешна во светот на боди билдингот. Таа е фитнес иструктор и фото модел, Марија Младенова го споделува денешниот рецепт за убав ден со читателите на Убаво.мк

Секој мој ден го започнувам прво со позитивна мисла за истиот. Станувам многу рано и најпрво му се заблагодарувам на Господ што осамна уште едно утро за мене и моето семејство. Потоа пијам една чаша вода (250мл). Веднаш после тоа се облекувам и се средувам за во теретана (мојот втор дом). Почнувам со еден час кардио, бидејќи сум натпреварувач и моментално се подготвувам за натпревар, кој тек следува на 21 октомври во Р.Словенија.  Секое утро вежбам од 5 до 6 часот. Потоа се враќам дома се туширам и веќе го подготвувам првиот оброк. Одмарам околу еден час и повторно се враќам во теретана, но сега на работа. Прва обврска ми е да го отворам фитнесот, да средам распоред за тој ден. Го пијам другото кафе и потоа почнувам со првиот персонален тренинг. Како што внимавам и се грижам за моето здрави и физички изглед, истото гледам да го наметнам и пренесам и на моите клиенти. Мојата главна цел и мотивација како инструктор е моите клиенти пред се да имаат доверба во мене и во моите совети и да направиме резултати. А со тоа на самиот клиент ќе му се врати самодовербата, а потоа и насмевката. Кога мојот клиент ќе ја засака теретаната и ќе доаѓа во неа со насмевка и кога ќе стане член од нашето големо семејство јас сум ја постигнала мојата цел… Дневно работам во фитнесот повеќе од 10 часа и се помалку имам слободно време, а и натпреварот што го спомнав погоре бара работа и време бидејќи се работи за натпревар Боди Билдинг. Веднаш по завршувањето со персоналните тренинзи го реализирам и мојот втор тренинг за истиот ден. По завршувањето на истиот се упатувам за накај дома. Веќе е крајот на денот и останува да им се посветам на луѓето што ги сакам и што се секогаш до мене. Се средувам и запишувам план и обврски за следниот ден. Секој ден за мене е само уште една епизода од животот на една жена што ужива и си ја сака работата!

Поврзани статии

Back to top button