Писателката Марија Костадиновска, најавува нов светски креативен проект во нашиот етер
Марија Костадиновска ја запознавме на нашиот портал преку рубриката „Рецепт за убав ден“. Интересна и несекојдневна е нејзината биографија. Родена е на 06 Март 1990, во Скопје. Својата љубов кон уметностите, книгите и креативноста ја покажува од најрани години. Своите тинејџерски и средношколски години ги поминува во студијата на МРТВ. Дел е, од контактно училишната програма „Ѕвон“, „Зимската рекреативна програма“, и водењето на избори на песна, за Детска Евровизија. Таа, дипломира на Филолошкиот Факултет „Блаже Конески“ во Скопје на катедрата за македонски и јужнословенски книжевности. Во текот на студиите, Марија започнува да едри, најнапред како хоби а потоа и како професионална работа. Животот на море ја има однесено, не само преку целиот Медитеран и Карибските острови, туку и на многу уникатни острови и заливи кои се туристички непознати. Оттаму црпи инспирација за пишување на литература за деца. Таа заедно со издавачката куќа Арс Ламина ги објавува своите две книги „Вистинска приказна за двете соседни кралства“ и „Волшебните прегратки“ кои се дел од студиската програма по предметот „Литература за деца“ на Филолошкиот Факултет „Блаже Конески“ во Скопје. После тринаесет години пловидби, Марија Костадиновска е повторно дома со најава на нов креативен проект.
Таа за Убаво.мк, изјави дека се работи за автентичен авторски проект, во кој ќе ги склопи сите делчиња од својата „животна сложувалка“ за да добие едно целина. Проектот ќе биде изработен исклучиво по светски стандарди, а соработките ќе бидат високо рангирани и одбрани.
За што точно станува збор останува, само да почекаме и видиме.