Едно нешто сите ние фрламе, но прави чуда за сувите и безживотни лисја од растенија: ги враќа цвеќињата во живот
Ништо не е поубаво од домот исполнет со убави цвеќиња. Покрај декорацијата, зеленилото во нашиот дом го прочистува воздухот и делува антистресно. Ако и вие сакате растенија во вашата куќа, но листовите на растението ви се суви и безживотни, обидете се да ги оживеете на овој едноставен начин.
Натрупувањето прашина на цвеќето не е само естетски проблем, туку може и да ги затне порите на растението и да ја спречи фотосинтезата. За да можат растенијата да уживаат во сонцето, потребно е нивните лисја да бидат чисти. А ваш сојузник во оваа борба може да биде обична кора од банана.
Еден од најдобрите начини да ги направите вашите миленици да блескаат е да ги избришете листовите со кора од банана. На овој начин ќе ги исчистите од прашина, но и ќе ги нахраните нивните зелени делови. Листовите ќе добијат сјај и исполнетост. Оваа постапка можете да ја повторувате два пати месечно.