Секое утро во кафето додадете и по една лажичка кокосово масло: Кога ќе слушнете зошто, сигурно ќе го направите првото кокосово кафе!
За супер моќите на кокосовото масло особено се зборува во последните години, па затоа се почесто се користи во кујната, за одржување на убавината, но и во кафето.
Кокосовото масло, всушност, не содржи ниту јаглени хидрати, ниту протеини, туку има целосно липиден состав, што значи дека се состои од масни киселини од средни синџири. Другите намирници кои ги консумираме на дневна основа главно се состојат од масни киселини со долг синџир.
Еве зошто е добро да додадете една лажичка кокосово масло во вашето кафе:
Не само што кокосовото масло го прави вашето кафе вкусно, туку може и да ви помогне да изгубите тежина. Имено, поради својот состав станува извор на енергија. По долгорочно консумирање на кокосово масло, доаѓа до забрзување на метаболизмот, што може да доведе до губење на тежината. Секако, нутриционистите забележуваат дека е неопходно да се намали и исхраната. Кокосовото масло може да помогне, но во никој случај не е магично стапче.
Покрај тоа, лауринската киселина, која се наоѓа во составот на кокосовото масло, влијае на зајакнувањето на имунитетот.
Поради истата состојка маслото има и антибактериско, антивирусно и антигабично дејство.