Повеќе нема да трошите часови чистејќи го стаклото од рерната: ќе блесне како ново за 3 минути со 1 евтин производ
Не ви требаат груби хемикалии и не треба да ја загревате рерната.
Наместо да поминувате часови за чистење на масните наслаги што се наталожуваат на стаклото од рерната, користете таблета за миење садови.
Една жена го открила овој трик за чистење на стаклото од рерната во група на Фејсбук и им олеснила на луѓето..
„Видов видео на YouTube од една жена како го прави тоа. Таа користела таблета за миење садови и топла вода. Пробав, и воодушевена сум од тоа како функционира!“, објасни таа во објавата.
Земете го белиот дел од таблетата и натопете го во топла вода, но не превртувајте го за да не се раствори целосно таблетата.
Не ви треба крпа или сунѓер – само исчистете ги масните наслаги со таблета.
„Ова ме натера да сакам да ја исчистам рерната утре“, беше само еден од позитивните коментари на нејзината објава.