ЖивотУбави совети

Според хороскопот тие се најмногу скржави, сакаат пари но со тешко срце позајмуваат…

Често ќе заборават да ви купат подарок за роденден, кога ќе стигне сметката во кафичот одеднаш ќе сфатат дека не го донеле паричникот или случајно ќе треба да одат во тоалет токму во тој момент... Вие ќе си ја платите сметката, се разбира.

Откријте кои хороскопски знаци се најмногу скржави, а кои вешто ја кријат оваа мана од сите!

Лав
Способен е да заработува, вреден е. Целосно се посветува на работата. Рацете му се широки кога ТОЈ ќе одлучи! Но, позајмувањето пари од Лав е малку комплицирано. Ќе те почасти нешто, но зошто да му позајмуваш? Кога ќе бидат парите вратени? Дали сте сигурни дека можете да ги вратите?

И уште многу дополнителни прашања кои ќе ви направат со сигурност незгодно.

Девица
Девиците се лојални, вредни, работливи. На работа го даваат последниот атом од себе. Тие се одлични работници и знаат како да наплатат за нивната напорна работа и посветеност. Секогаш имаат пари за „не дај Боже“. Затоа тие се секогаш први на листата на пријатели од кои треба да позајмите.

Ќе ви ги дадат парите без да ви поставуваат премногу прашања, но доколку не ги вратите парите точно на ден, час и минута, бидете сигурни дека засекогаш сте ги изгубиле како пријател.

Јарец
Јарецот е прв во кариера, прв во заработување пари. Сериозни играчи кога станува збор за светот на парите и корпорациите. Веднаш даваат пари. Ништо не прашуваат. Ќе ви позајми повеќе пати и нема да се налути ако не ги вратите навреме или ако воопшто не ги вратите.

Ама ако помислат дека ги користите за пари или дека се глупави да не ви ја гледаат играта, тогаш кругот се затвора. Тие стануваат санта мраз и остануваат такви до крајот на пријателството! Едноставно вие ќе сте големо НИШТО за нив.

Поврзани статии

Back to top button