ЖивотУбави совети

Еве како да проверите дали црниот леб е вистински или е „фарбан“

Црниот леб е популарен меѓу сите кои се грижат за здравјето и правилната исхрана.

Ваквиот леб треба да содржи голем процент од целото пченично зрно, за да ги задржи сите важни хранливи состојки.

Тајната на црниот леб е неговото богатство со влакна, витамини Б и Е, селен, железо, магнезиум, цинк и други хемиски соединенија со висока вредност. Дури и во мали количини дава чувство на ситост, поради што експертите го препорачуваат како мезе за ослободување од нервозата поради глад. Исто така, црниот леб многу подобро го задржува вкусот и мирисот и може подолго да остане свеж и употреблив. Исто така, корисно е да се знае дека црниот леб има многу помалку „лош“ холестерол од белиот леб, па затоа многу се препорачува за срцеви болни. Влакната придонесуваат за ниско ниво на шеќер во крвта, па затоа се добар избор за дијабетичари.

При купувањето важно е да проверите дали црниот или интегралниот леб е навистина „црн“, поточно дали е направен од цело зрно или само додадена карамела за боја или кафе, кое воопшто не треба да го има во овој производ.

Како знаете дали сте купиле вистински црн леб?

– Во водата ставете парче од средината на црниот леб. Ако побели, а водата потемни значи дека е обоена.

– Црниот леб е тврд, густ и има повеќе влага од белиот леб.

– Црниот леб не може да биде воздушен и еластичен.

– Средината на црниот леб има подлабоки пори и неговиот волумен е помал.

– Црниот леб мириса поинаку од белиот леб.

Поврзани статии

Back to top button