ЖивотУбави совети

Маски за лице со цимет – Исчистете ја кожата за кратко време

Циметот, освен што мириса прекрасно, има одлична улога и во негата на кожата на лицето...

Секој ден, нашето лице е изложено на нечистотијата која е насекаде околу нас и која е невозможно да се искорени.

За да имате чисто и секогаш свежо лице, неопходно е да користите разни производи за чистење на лицето. Сепак, тие обично имаат висока цена, па се двоумиме да ги купиме, и прибегнуваме кон рутината – сапун и вода. Добро е познато дека сапунот ја суши кожата, па се прашуваме како да ја промениме таа рутина. Едноставно – потребен ви е само цимет и овие два одлични рецепти – проверете!

Маска бр. 1
Состојки:

– една лажица мед
– половина мала лажица цимет

Оваа маска е блага и погодна за сите типови кожа. Измешајте ги овие две состојки и добиената маска нанесете ја на лицето околу 15 до 20 минути. Потоа измијте го со млака вода и исушете ја кожата. Нанесете хидратантна крема. Исто така, оваа маска може да се нанесе на секој дел од телото кој е погоден од мозолчиња, бидејќи ефикасно ја смирува кожата.

Маска бр. 2
Состојки:

– една лажица цимет
– една лажица јогурт
– малку вода (по можност флаширана)

Оваа маска е малку појака, па прво треба да ја пробате на мал дел од лицето, за да утврдите дека нема да ви пречи и дека нема да се појави непријатно чувство на печење. Ако тоа се случи, само ставете го на областите кои се најмногу погодени од мозолчиња. Исто така, не излегувајте откако ќе ја нанесете оваа маска, бидејќи вашето лице најверојатно ќе добие поцрвена боја која исчезнува по неколку часа.

Во сад измешајте јогурт, цимет и малку вода и мешајте додека не се соединат сите состојки. Потоа ставете ја маската на лицето и извадете ја по 5 минути.

Поврзани статии

Back to top button