ЖивотУбави совети

Направете домашен, здрав сладолед!

Температурите растат и време е да го подготвите вашиот омилен освежителен летен десерт.

За да го подготвите овој сладолед ви требаат само неколку минути, а најдоброто е што е навистина здрав и нема да се здебелите.

Потребни состојки:

3 замрзнати банани

3 супени лажици замрзнато овошје

½ лажица екстракт од ванила

½ шолја индиски ореви

3 чаши вода

Подготовка:

Во блендер ставете ги индиските ореви, водата и екстрактот од ванила и изблендирајте ги сите состојки. Додадете ги замрзнатите банани и замрзнатите бобинки во блендерот и блендирајте додека не добиете кремаста текстура. Ако сакате сладоледот да ви биде посладок, додадете малку мед. Сладоледот ставете го во фрижидер и оставете го да се излади.

Уживајте во здрав сладолед!

Поврзани статии

Back to top button