Италија – најпопуларна летна дестинација во цела Европа
Кога ќе одлучите да летувате во Италија, треба да знаете дека освен што ќе уживате во прекрасните плажи и зајдисонца, ќе стапнете на тлото на земја која дефинитивно е историска лулка на цела Европа.
Италија е земја на уметност, историја и култура, а денес е една од најпопуларните дестинации за совршен одмор, без разлика дали за семеен или романтичен одмор. Одморот во оваа земја ќе ви даде можност да прошетате низ шармантните делови од старите градови, да пробате оригинална пица и да уживате во дегустацијата на најдобрите европски вина.
Италија граничи со дури пет мориња, и тоа Јонско, Лигурско, Медитеранско, Јадранско и Тиренско. Поради толку голем избор и поради мноштвото квалитетни одморалишта, секој може да си дозволи одмор во Италија, во зависност од својот буџет, преференции и желби. Доколку барате семејна локација во Италија, вистинскиот избор ќе биде Lido di Jesolo, одморалиште на брегот на Јадранското Море. Оддалечен е нешто повеќе од 40 километри од Венеција, а се карактеризира со километарски песочни плажи, бројни барови, кафулиња и ресторани.
Одморалиштето Соренто ќе биде вистинскиот избор за сите заљубени парови, бидејќи многумина мислат дека ова место секогаш обезбедува совршено романтично патување. Најубавото место во оваа област е The Villa Comunale, која нуди одличен поглед на морето, а местото се смета за идеално доколку сакате да организирате романтичен состанок. Покрај тоа, одморалиштето нуди бројни активности на море, а тука ќе можете да се испробате во нуркање, да шетате по километарски песочни плажи или да уживате во дегустацијата на вашите омилени италијански јадења.
Градот Римини се наоѓа на јадранскиот брег, а може да биде идеален избор за сите оние кои планираат одмор со пријателите. Медитеранската клима, пријатната атмосфера и богатиот ноќен живот се само дел од причините поради кои младите ја избираат токму оваа локација за својот одмор. Ова место претставува вистинска комбинација на богата историја и ренесансниот дух, кој е надополнет и комплетиран со луксузни песочни плажи, околу кои можете да најдете исклучително посетени апартмани и хотели.
Најголемиот остров на Медитеранот, а воедно и најголемиот бисер на Италија, е Сицилија, омилена локација на многу Европејци. Одморот на Сицилија ќе им овозможи посебни, незаборавни и одлични спомени на сите оние кои ќе се одлучат да го посетат ова место. Град кој ќе ги воодушеви сите посетители е Таормина, град кој е жив и дење и ноќе. Покрај овој град, популарно место е и Џардини Наксос, поранешен рибарски остров кој денес претставува исклучително посетена туристичка локација. На Сицилија ќе можете да уживате во погледот на Етна, најголемиот вулкан во Европа, но и да ги истражите старите, автентични градби во Палермо и да уживате во најубавите плажи како Мондело, Кала Роса и Скала деи Турчи.