МодаУбави совети

Топ дилема – што да облечете на жештините?

Кога термометарот ќе достигне рекордни температури, се соочуваме со тешка дилема: дали да изберете модерна и стилски софистицирана облека или да се потпрете на едноставноста и удобноста. Сепак, сè уште може да се најде компромис помеѓу модата и удобноста.

Што да облечете на жештините: Што велат стилистите

Пастелни нијанси се идеални за топли летни денови.

Целосно бела комбинација. Целосно бело е новото целосно црно во следните неколку месеци. Со својата чистота и беспрекорност привлекува сечие внимание.

Тенки, проѕирни и воздушести фустани и туники се хит во топлите летни денови. Само изберете светли бои.

Тексас мини шорцевите заменете ги со долго здолниште со асиметричен крој, а белата маичка со широка туника на врзување.

Слободно носете нежни повеќеслојни синџири со приврзоци, носете прстени и алки по неколку парчиња одеднаш, купете спектакуларни големи обетки – сето тоа ќе изгледа повеќе од соодветно во летните денови.

Променете ги чантите и украсете ги по ваш вкус. Набавете свилен шал со принт кој ви одговара и носете го секој пат на нов начин – како покривка за глава, околу вратот, за украсување чанта или наместо ремен.

Доколку сакате да изгледате како дама со стил, бирајте чевли со необичен крој. Но, ако вашите стапала отекуваат во текот на летото, купете чевли половина големина поголеми од она што обично го носите. Нозете ќе ви се заблагодарат!

И секако, не заборавајте ги очилата за сонце. Ем нудат супер креативен изглед и софистициран стил ем се супер заштита од летните сончеви зраци.

 

Поврзани статии

Back to top button