Рецепт за убав ден на Спасе Јовановски
Телевизискиот презентер Спасе Јовановски кој е познат и под севдонимот RollaDoBolla денеска се дружи со вас во рубриката “Рецепт за убав ден”.
Кога ќе се разбудите наутро, и кога ќе отворите очи прво што треба да ви дојде на ум е да се заблагодарите што денес сте се разбудиле живи и здрави. Од кога ќе станам, следно нешто што го правам е проветрување на спалната соба, местење на креветот и… правец под туш. Потоа, кафе и бар половина час поминувам сам со себе. Следи подготовка за работните обврски во мојата матична куќа Сител. Моето хоби, кое порасна во друга професија е фотографија и снимање. Ова сериозно го работиме заедно со Лила на нејзиниот Инстаграм профил. За денот да е убав мора да поминете квалитетно време со своите најблиски. Време за ручек, кафе… Кога ќе ги завршам работните обврски, сакам барем час, час и половина да пешачам, јас сам со своите слушалки. Бидејќи телевизијата ми е 2км од мене, најчесто знам и пеш да си дојдам дома, тогаш навистина се релаксирам и добивам нови идеи. Многу ретко излегувам по забави, па така во ноќни клубови и кафулиња може да ме сретнете само доколку има некој ивент или ако се работи за бизнис. За денот да ти е убав, не мораш да робуваш на некои рутини прочитани од книга или пак од некој “ЛАЈФ КОУЧ”. Едноставно ако денес си одел по еден, утре оди по друг пат! Убавите нешта, често се случуваат кога се неиспалнирани. Денот го завршувам со туш и кревет, пак проветрувам, (се смее) пуштам музика и тонам во сон.