Што да направите кога сексот станува обврска наместо задоволство?
Тоа се случува почесто отколку што сакате да признаете – во еден период од животот сексот е на врвот на листата на вашите омилени активности, а во следниот станува обврска. И зошто е тоа така открива секс истражувачот Трејси Кокс.
Момент на губење на желбата – Привремено губење на желбата за секс може да е поради околности, ситуации и настани ако добро размислите на таа тема. Покарј очигледните случувања како што е смрт во фамилијата, принова во домот, отказ од работното место, финансиски проблеми, емоционално растројство од насобрани проблеми, тензија и стрес на одредено поле, може да биде и причина која е длабока во вас а се уште ја немате откриено. Ако не можете да го согледате проблемот препуштете му се на времето, тој сам ќе излезе на виделина. Има периоди во животот кога приоритетни ни се други работи, кариера, емоционална поврзаност и сл.
Не сте имале секс повеќе од година дена – Ако повеќе од една година не сте почувствувале сексуална желба или потреба да со некој да бидете интимни, треба да се седне и да се запрашате зошто … и да бидете искрени. Првата и најчеста причина е тоа дека сте во лоша врска, или вашиот партнер е многу лош љубовник. Патот до решавање на проблемот е едноставен, седнете и отворено разговарајте. Кажете што ви смета, што сакате и што не сакате. Посериозен проблем е кога ќе сфатите дека причината не е техниката на вашиот партнер, но е фактот дека тој едноставно не ви е привлечен. Иако постојат многу начини кои можете да ги користите за да го зачините вашиот љубовен живот и да се разбуди страста, факт е дека одлуката само вие можете да ја донесете.
Запрашајте се каков беше вашиот сексуален однос на почетокот на врската – Ако бил добар и ако партнерот и понатаму ве привлекува веројатноста дека се ќе биде во ред е голема. Ви недостига само страст, но тоа можете да го подобрите со љубовни викенди, патувања и нови возбудливи истражувања. Страшен и жален е фактот дека паровите кои имаат најцврсти врски и најдлабоки емоции имаат и најлош сексуален живот.
Дали потсвесно одбивате секс – Сексот е моќно оружје во секоја врска. Ако вашиот партнер во креветот е ѕвер а надвор од него не се однесува така тоа може да биде многу возбудливо. Од друга страна, ако сте повредени, тоа потсвесно ќе влијае на вашиот сексуален живот. Проблемите во сексот ретко се поврзани исклучиво за секс, и обично се знак дека вашата врска е малку несигурна.