ЖивотУбави совети
План на исхрана за оние кои сакаат некој килограм плус!
Голем број луѓе низ светот мака мачат со килограмите. Но, се повеќе се обрнува внимание и се објавуваат диети и начини на исхрана за намалување на килограмите. Ние не го занемаруваме фактот дека има многу луѓе кои неуспешно се трудат да добијат некое килограмче плус. Во продолжение ви нудиме план за исхрана кој ќе направи на здрав начин да ја зголемите телесната тежина.
Понеделник
- Доручек – 2 чаши сирова овесна каша прелијте со 2дл млеко и додадете сушени брусници или суво грозје по желба. Со тоа можете да изедете и парче од леб од цели житни зрна со путер од кикирики.
- Ужина – напијте се чаша млеко или сурутка. Изедете едно парче моцарела, а после тоа и едно парче од вашето омилено овошје.
- Ручек – Варен грав со сланина. После тоа изедете и една банана.
- Ужина – Напијте се чаша јогурт и изедете паче сирење. Засладете се со лажица мед или со 100г. боровики.
- Вечера – Испжете 200г. лосос, сварите еден поголем компир и 100г. боранија. После овој оброк напијте се чаша млеко.
Вторник
- Доручек – Две парчиња леб од цели житни зрна со путер од кикирики, чаша јогурт и малку кандирано овошје
- Ужина – Една банана, лажица мед и чаша млеко. Од овие состојки можете да нашравите и шејк.
- Ручек – Шпагети, чаша полномасен јогурт и парче овојше по избор.
- Ужина – Направете шејк од чаша млеко, јагоди, малини, шумско овошје и засладете го со мед.
- Вечера – 200г. пржено пилешко филе, пире од компир и варен кељ или блитва.
Среда
- Доручек – Омлет од две јајца, неколку парчиња сирење и зеленчук по избор. Две парчиња интегрален леб, чаша млеко и еден портокал.
- Ужина – Конзерва туна, 100г. варен ориз и зелена салата
- Ручек – Варен грашак со јунешко месо. Две парчиња леб од цели житни зрна. малку црно грозје за десерт.
- Ужина – Протеински шејк за гоење со вкус на ванила или чоколадо. Две кајсии или праски.
- Вечера – Пржени медаљони од ќурка, дробено сирење, пире од компири и една банана.
Четврток
- Доручек – Домашни палачинки со мармалад, чаша млеко или протеински шејк за гоење.
- Ужина – Парче леб од цели житни зрна со путер од кикирики, све силиви или јаболки.
- Ручек – Пржени стапчиња од риба, компир салата со јајца и кромид. Чаша јогурт и една круша
- Ужина – Протеински шејк за здебелување со вкус на ванила или чоколадо и две парчиња овошје по избор.
- Вечера – Пилешко во сос од чили, пржени компири и малку дорбено сирење.
Петок
- Доручек – Омлет од три јајца со 100г. сланина, две парчиња леб од цело житно зрна, шоња јогурт и една круша
- Ужина – протеински шејк за дебелеење и две парчиња овошје по избор.
- Ручек – Зелка со свинско месо, две парчиња леб, едно јаболко.
- Ужина – Чаша овошен јогурт од јагода или банана и интегрални стапчиња.
- Вечера – Една плескавица, салата од домати и кромид, една лепиња и чаша јогурт.
Сабота
- Доручек – Палачинки од хељдино брашно, домашен мармалад и јаворов сируп. Чаша млеко и чаша свежи боровинки.
- Ужина – Протеински шејк за гоење и неколку свежи јагоди.
- Ручек – Варен ориз со грашак и босилок. Две пачиња пржено пилешко филе и зелена салата.
- Ужина – Три пецива со суво грозје и цимет, чаша јогурт и една круша.
- Вечера – Останатиот дел од свареинот ориз со грашак, конзерва туна и овјшје по избор.
Недела
- Доручек – Ѓеврек со сусам или две мали баварски кифли, кремсир ? , 100г. варена сланина, чаша јогурт и едно јаболко.
- Ужина – Крекери, дробено сирење, чаша сурутка и една прска.
- Ручек – Крем супа од печурки, пире од компири, печено пилешко, зелена салата и еден портокал.
- Ужина – Протеински шејк за гоење со вкус на ванила или чоколадо, две парчиња домашен колач со вишни.
- Вечера – 100г. сув врат, пире од компири, салата од домат и кромид, чаша јогурт и една банана.