ЖивотУбави совети

Освежително и слатко задоволство готово за 15 минути!

Како ќе се зголемува температурата, така самиот огранизам ќе си бара свежи десерти, напивки и оброци. Ние ви предлагаме да го направите овој вкусен брз колач за кој ќе ви се потребни само 15 минути.

Потребни состојки:

250гр. вода
1 ванилин шеќер
5 лажици гриз
250гр. шеќер
150-200гр. кокос
Овошје по желба
100гр темно чоколадо

Во длабок сад ставете вода, шеќер, ванилин шеќер и оставете да проврие. Додајте гриз и мешајте додека не се згусне смесата.

Тргнете го од оган и додавајте полека кокос. Смесата ставете ја во чашки или во рамен сад. Ако го служите во чаша смесата нека биде поретка, за во послужавник погуста.

Омиленото овошје додајте го во смесата или одозгора. Потоа стопете го чоколадото и прелијте го. Добро оладете го, па почестете се со блиските!

 

Поврзани статии

Back to top button