Мора да умреш неколку пати пред да почнеш да живееш
Еднаш, два пати или можеби три… Неколку пати ќе се изгориш за на крај да се свестиш од изгореницата и болката и да почнеш да внимаваш и пазиш да не си создадеш нова. Човек учи додедка е жив, но некои лекции подобро е да се научат со време. Најлесни се лекциите кои се учат на туѓи искуства, не болат, не вознемируваат и не се паметат долго. Со некои лекции еднотавно ни е судено да се среќаваме повеќе пати, ни е судено да ни се повторуваат, неколку пати се додека вистински реално не ги научиме. Ако еднаш се изгориме на млеко, следен па ќе дуваме и на кисело млеко, но без да приметиме дувајќи на киселото млеко дека може да се изгориме по втор или трет пат на млекото. Така некако и со животот, минува и врви се, а некои лекции тропаат на нашата врата се додека не им докажаме дека сме ги научиле и сме спремни за нова животна лекција. Секоја нова лекција е нов предизвик и ново искуство. Со секоја успешно помината ние стануваме се посили и похрабри. Можеби ќе не турнат на дното, ќе ни ја испијат и последната капка пот, но ние сигурни дека после тоа доаѓа среќата во животот. Треба и мора да сме храбри и упорни, оти животот не е добар кон кукавиците и они кои лесно креваат раце… Умри, ако е потребно и неколку пати, па роди се посилен од предхдно!