Како да се носите и справите со конфликтите во бракот или врската?
Денес од врските очекуваме многу повеќе отколку што очекувале нашите родители, а да не зборуваме за нашите баби и дедовци. Поради растечките потреби, барања и желби, во врските и браковите стануваат се почести конфликти кои ако не се решат со текот на времето, може да доведат до проблеми, кои на крајот ќе резултираат со раскинување или развод. Кога го имаме ова е на ум, јасно е зошто денес секој трет брак доживува крај.
Расправиите за теми на кои вашите мислења и на партнерот се разликуваат никогаш не се пријатни. Мора да има компромис за бракот или врската да опстојат. Бидете лојални и избегнувајте непотребни расправии. Справете се со конфликтите во бракот така што:
Внимателно бирајте ги зборовите. Додека разговарате за сериозни проблеми со вашиот партнер и се обидувате да избегнете караница, бирајте ги зборовите. Често, за време на жестоките дискусии, кажуваме нешто за што подоцна ни е жал. Значи, размислете добро за се што ќе кажете и обидете се да избегнувате зборови како “секогаш” и “никогаш”. Тие ќе го донесат партнерот во безизлезна ситуација во која тој само се повлече или – уште повеќе ќе се вознемири.
Посветете се на решавање на проблемот. Следниот пат кога ќе сакате да разговарате со вашиот партнер за нешто што вас ве нервира и иритира, започнете разговор по телефон, електронска пошта или пораки. Кажете му што сакате да разговарате и како се чувствувате во врска со тоа. Потоа прашајте го дали сака да зборувате за тоа кога ќе дојде дома или некој друг ден. На овој начин тој ќе има време да се размислува за сè.
Не се расправајте во спалната соба. Конфликтите во спалната соба, особено пред спиење, треба да се избегнуваат. Не предизвикувајте и не почнувајте сериозни теми во креветот. Спалната соба треба да биде неутрална зона.