Есенски намирници кои се одлични за нашето здравје!
Иако на есен и во зима, изборот на сезонско овошје и зеленчук се намалува, тоа не значи дека треба да се откажете од исхраната богата со витамини и минерали кои ги внесуваме преку овошјето и зеленчукот.
Составивме листа од неколку есенски намирници кои задолжително треба да се најдат на вашата трпеза затоа што се богати со хранливи состојки, го јакнат имунитетот и ви помагаат да се чувствувате подобро!
Тиква: Богата е со витамин Ц кој е клучен за добар имунитет и високо ниво на витамин А кој ќе помогне вашата кожа да изгледа здраво, а добар е и за очите.
Прокељ: Помага за побрзо исфрлување на токсините од телото. Содржи витамин К кој е клулен за добра работа на мозочните функции.
Јаболка: Богати се со антиоксиданси кои штитат од најразлични болести. Го помагаат варењето на храната и прават да се чувствуваме помалку уморни.
Компир: Тој е богат со магнезиум и натриум – минерали кои се потребни за баланс на течностите во телото и нормална функција на мускулите во нашето тело.
Пашканат: Содржи доста хранливи состојки, најважни од нив се витамините Б5 и Б6 кои се важен фактор за намалување на стресот, подобрување на работата на метаболизмот и повеќе енергија.