На сила убавина не бидува…
Никој не може да се заљуби на сила колку и да сака. Секој може да се обиде, но не и да успее. Може тој некој да го засака како личност. Да претпостави дека покрај тој човек ќе има сигурност и внимание, но на сила да се заљуби не може… Не може ништо на сила, дефинитивно. Иако на момени очите и душата ви се гладни за љубов, на сила убавина не бидува. Има ноќи кога сте жедни за нежност и внимание, за топла и цврста пргратка. Но, не смее да биде било чија, оти нема така жедта да ја убиете, душата да ја нахраните и мирот да го пронајдете. Чекајте, трпеливо чекајте, вашиот човек ќе дојде, и тогаш не одбивајте го, дадете му шанса, обидете се, ќе помирисате на самиот почеток дека е вредна борбата, верувајте. Ќе го запознаете човекот кој со сигурност ќе може да го наречете “Мојот”. Еден ден!