Ги прегледувате ли вашите гради?
Нешто кое е многу важно, а многу жени го занемаруваат тој факт е дека градите мора редовно да се прегледуваат. Не е потребно често да посетувате доктор, еве некои работи од кои можете сами да увидите дали е се во ред или не. Доколку не е, веднаш закажте преглед кај својот доктор, не одолговлекувајте.
Вашите гради минуваат низ многу промени во животниот тек, често се зголемуваат, стануваат чувствителни или погрутчести, особено пред менструален циклус. Баш од тие причини голем број на јазлиња и грутчиња се безопасни, но, некои од нив, кои се потврди и поцврсти, може да укажат на рак на дојка.
Затоа, повремено темелно прегледајте си ги градите, благо притискајќи ги и пипајќи ги, за да ги откриете на време евентуалните промени како што се отоци и здебелувања. Особено е важно да обрнете внимание и на пределот под пазуваите и над нив.