Можеби немам се во животот, но го имам него!
Понекогаш си размислувам пред да заспијам… Во колку ли само суров свет живееме, лажни лица, завидни луѓе, користољубиви, луѓе полни омраза… Во овој свет да најдеш партнер со кој би градел иднина е премногу тешко. Често пати си размислувам и за тоа колку сум всушност и среќна што во ваков свет и време кое живеам имам покрај мене човек кој го дефинира мојот поим за среќа. Си велам да го немав него веројатно се уште би се мачела додека да најдам партнер со кој би сакала да го поминувам целото мое време и притоа да не ми се смачи од неговото присуство во мојот живот само поради тоа што со некоја одредена постапка ми ја изгубил желбата за опстанок во таа врска. Далеку сме од совршен пар, далеку ни е од совршена врската. Не верувам во совршенство. Понекогаш го нервирам. Понекогаш само затоа што мене не ми бил денот ќе му го расипам и него. Понекогаш и седенката со другарите ќе му ја извадам низ нос. Понекогаш се расправаме за ситници и без оглед на тоа кој бил во право, јас му се лутам. А, му се лутам и кога играме некоја друштвена игра и тој ме победува па после од победата прави драма како да добил трофеј а јас правам драма како да навистина сум изгубила трофеј. Како мало дете исто. Така и го сакам! Малите деца искрено сакаат! Го сакам затоа што умее да ме разбере, затоа што се грижи за мене, затоа што ми помага, затоа што ме поправа кога носам грешна одлука. Го сакам затоа што е искрен. Затоа што го почитува моето мислење, ги почитува моите желби. Затоа што знае да се извини кога греши. Па сите грешиме, но ретко кој си ја признава грешката. Сакам да поминувам време со него, да одиме во кино, да одиме на шопинг, на пијачка. Или да седиме дома и да гледаме филм или пак само да си седиме и да се чудиме што да правиме зошто немаме идеја. Го сакам затоа што ме сака таква каква што сум. Го сакам таков каков што е. Среќна сум што е со мене и покрај моите недостатоци, па секој ги има, дури и тој. Можеби немам се во животот, но, го имам него. Едноставно го сакам!