Природни и искрени девојки – вид кој изумира!
За сите оние кои во овој свет со изопачени вредности останаа исти и така станаа поинакви …
Да бидам искрена, за текстов да го напишам ме инспирираа неколку драги пријателки и познанички кои воедно и ме прават среќна и ми влеваат надеж. Надеж дека постојат се уште природни дами со искрени насмевки кои утре своите деца ќе умеат да ги научат на вистински животни вредности.
Тие не носат штикли туку високи потпетици, не носат старки затоа што моментално се апсолутен моден хит туку затоа што ги обожувале и носеле уште како малечки. Они не користат кратки и брзи смс и мејлови туку и кога куцаат, пишуваат писма со стил. Ако одлучат да се тетовираат тие тоа го прават од лични побуди, не за да бидат видени и упадливи. Се дотеруваат за себе, секое утро, секој ден, не само за на важни состаноци. Не купуваат скапи часовници за да го докажат својот материјален статус, туку затоа што се свесни дека квалитетниот часовник ќе ги служи со години. Не патат од комплекс на ниска вредност, не се срамат да кажат што чувствуваат и што мислат. Тие не умеат да играат топло-ладно игри само за да освојат и задржат некој. Кога се среќни нивните очи го издаваат тоа, кога се тажни не ги бришат солзите со доза на срам. Кога сакаат тие сакаат со цело срце, онака детски и вистински, најискрено и најдлабоко, до болка. Пријателски настроени се секогаш, не само кога би имале корист. Ако не им се бендисуваш, па биди и најјакиот и најимотниот човек во градот, џабе ти е. Тие бараат и одбираат искрена душа, слична на својата. Не ги интересира твојот имот, твојот статус и твојата популарност во општеството. Не им е гајле што е модерно, а што не. Се облекуваат онака како што сакаат, преферираат удобност и сексипилност, секогаш. Кога сакаат да изгледаат секси не облекуваат мини здолниште и кратко блузиче, туку машка бела кошула. Наместо пластични градници со силиконски прерамки они одбираат чипкани, затоа што чипката секогаш е попријатна од гумата. Тие животот го даваат за оние кои ги сакаат. Кога ќе добијат “шлаканица” од близок на едниот образ тие го вртат и другиот.
Тие знаат дека доброто со добро се враќа, кога тогаш!