МодаУбави совети
Модата секогаш се враќа!
Баш така, модата секогаш се враќа. Пред извесно време прелистував стари слики од моите баби и дедовци. На нив можев да забележам дека во тоа време апсолутен хит биле марамите и траките за коса. Моите две баби марамите за на глава ги носеле за прослави, за свадби, за до продавница…буквално секаде. На различни начини ги врзувале, во различни дезени ги купувале. Она што од после прелистувајќи по социјалинте мрежи можев да забележам е дека после толку многу поминати години, марамите во разни дезени се повторно апсолутен хит меѓу познатите модни блогерки. Искрено, овој моден тренд ептен ми се бендиса, и веќе уживам практикувајќи го. А што велите вие?!