Убави дестинации

Манастирот Острог, иделна дестинација!

Чудата кои се случуваат во ова свето место се многу и секој ден можеме да слушнеме и видиме луѓе на кои Свети Василиј им помогнал, ги излечил, им подарил деца, па и тоа дека светителот лично им се покажал и обратил. Православниот манастир Острог е едно од најпосетените светилишта на Балканот. 

Во манастирот, секојдневно можете да сретнете река од луѓе кои го посетуваат, можат да се најдат луѓе од сите вери и нации, да се чујат различни молитви, но и многу проблеми, но целта на сите тие луѓе е иста, бакнување на моштите на Свети Василиј Острошки и искажување на своите молитви.

Манастирот Острог, кој е врежан во карпите, основан е од митрополитот Василије во XVII век. Највпечатлив дел од манастирот е Горен Острог, каде се сместени две мали цркви: горна – посветена на Светиот Крст, и втората, посветена на Воведение на Богородица. 

Не се двоумете, доколку ви недостасува мир во душата или имате некоја мака со која не можете да излезете на крај токму овој манастир нека биде вашата идна дестинација. Преноќете и помолете се во манастирот и почувствувајте го чудото за кое многумина говорат!

Поврзани статии

Back to top button