ЖивотУбави совети
Како да ги исчистите дамките од дезодоранс?
За време на пролетните и летните денови, често се тушираме и се прскаме со дезодоранси. Но, голем број од низ знаат да направи бели флеки на темните алишта и жолти на светлите.
Дамките од дезодоранс се тврдокорни, не излегуваат во текот на машинското перење и знаат да ги уништат нашите омилени парчиња облека.
Но, можат да бидат и минато. Ви нудиме неколку корисни совети за отстранување на ваквиот тип на флеки.
Важно е само чистењето на флеките да го направите пред да ги ставите алиштата во машина за перење.
За бели и светли алишта:
- Истријте ја дамката со лимон. Оставете ја да отстои неколку часа, па исперете во машина.
- Лажица сода растворете ја со лажица вода и со оваа смеса истријте ја дамката. Исперете рачно, со студена вода.
За темни алишта:
- Пред да ја ставите маицата или кошулата за перење, истријте ја дамката со хулахопки. И хулахопките и облеката која ја чистите мора да бидат суви. Исперете на вообичаен начин.
- Испрскајте ја дамката со алкохолен оцет и истријте добро со помош на чиста четка. Оставете да отстои неколку часа, па исперете.