ЖивотУбави совети
Важни совети за убава и здрава коса
Косата е важен украс за жената и не треба да ја занемарувате. Исто како што ја негувате кожата со најразлични препарати, кремови и маски така треба и косата.
- Не го заборавајте фризерот. Редовното кратење на оштетените врвови ќе ви помогне вашата коса да изгледа здраво. Џабе долга коса доколу врвовите се расцветани бидејќи таквата ситуација не изгледа убаво.
- Плакнете ја со студената вода: оваа постапка нема да ја исуши вашата коса како со топла вода.
- Ставајте маска два пати неделно, без разлика дали е домашна или купена.
- Користете масла за обнова на косата. Доколку имате оштетени врвови најдобра варијанта е кокосовото масло, доколку сакате да расте побрзо одберете рицинусово. Нанесете го маслото, оставете го да отстои неколку часа, па добро измијте ја косата.
- Заштитете ја од сонцето и влагата со специјални препарати за таа намена.
- Доколку немате седи влакна, избегнувајте да се фарбате бидејќи хидрогенот, амонијакот во фарбите и останатите хемикалии ја уништуваат косата.
- И секогаш кога приликата ви го дозволува тоа избегнете ги фенот и пресата за коса..