Што треба да знаете за бракот?
Бракот не е лесен, но е убав!
И постојат неколку работи кои би требало да ви се јасни пред да стапнете на лудиот камен!
Страста ќе исчезне: Заљубеноста поминува и треба да се помирите со тоа. Но, љубовта, стабилноста и топлината не смеете да дозволите да исчезнат.
Брачниот живот не е журка: Ќе има и лоши денови, месеци на болест и немаштија. Прашање е дали сакате да ги надминете препреките.
Партнерите треба да се развиваат заедно: Со текот на годините се менуваме, стануваме подобри или полоши во одредени навики и однесувања. Ако не го правите тоа сихронизирано со партнерот осудени сте на пропаст…
Мора да се прифатите еден со друг: Партнерот не можете да го менувате по свопите желби. Или го прифаќате таков каков што е или не.
И на двајцата ви треба слобода: Убаво е што поминувате време заедно. Убаво е што водите љубов. Но, секој треба да има простор и време кога ќе биде сам и ќе здивне…
И одлуките треба да бидат заеднички. Затоа што бракот е заедница која за да успее бара разговор, време, внимание, доверба, труд, жртви, нежност, разбирање и компромис.