Што се лекува со горчлива сол?
Горчлива сол против пилонидална циста – мажите почесто се среќаваат со овој проблем отколку жените поради зголемената влакнавост. Освен тоа, дебелината исто така може да допринесе за појавување на овој проблем. Пилонидалната циста е празна, слична на апсцес, која содржи влакна и лој. Често се јавува крвав гноен секрет. Цистата се јавува на самото дно на рбетот, помеѓу глутеусот. проблемот настанува кога таа ќе загнои, бидејќи во тој случај се јавува болка, која трае се додека не се испразни цистата (спонтано или по хируршки пат). За среќа постојат голем број природни препарати кои можат да помогнат за решавање на овој проблем.
Природен лек: растворете 1 лашица горчкива сол во 1дл топла вода. Натопете парче вата и ставете ја на болното место. Оставете да дејствува околу половина час. потоа, на цистата втријте масло од чајно дрво.
Освен тоа можете да примените и бања. Наполнете ја до половиа кадата сотопла вода и додајте две лажици горчлива сол. Бањата треба да трае дваесетина минути, и да се повторува секојдневно.