ЖивотУбави совети
Маслиновото масло е одлично за бебињата!
Благодетите од маслиновото масло одамна се познати. Освен што го додавате во вашите омилени салати, маслиновото масло може многу да ви се најде доколку имате бебе.
Ако се прашувате за што, продолжете со читање!
- За пеленски осип: доколку осипот не е страшен измешајте две лажици маслиново масло и две лажици вода и со нежни движења нанесете го на кожата на вашето малечко.
- За грчеви: со малку загреано маслиново масло масло намачкајте го мешето на бебето.
- Кога кожата на главата почнува да се перути, намачкајте со маслиново масло.
- За кашлица: Пред легнување, истријте ги градите на бебето со маслиново масло за да може да заспие полесно и да не кашла многу во текот на ноќта.
И се разбира, кога ќе дојде момент да вметнете масло во исхраната на вашето дете, одберете само маслиново!