Кои зачини се корисни за нашето здравје?
Освен тоа што се незаменлив додаток на многу јадења, зачините може да помогнат во лечење на одредени здравствени проблеми. Кои се најздравите зачини кои задолжително мора да најдат место во вашата кујна, но и во вашата исхрана?
Ориганото помага при уринарни инфекции и за кратко време ви помогне да се ослободите од нив. Пијте чај од оригано.
Ѓумбирот е особено корисен доколку патите од настинка или грип. Чај од ѓумбир исто така помага и при стомачни мачнини за време на патување.
Ленот е одличен за прочистување на организмор, делува кај опстипација, но и помага за хидрирање на кожата.
Босилекот освен што е вкусен, помага кај проблеми на дишните патишта, па се користи за инхалации или како чај.
Кари зачинот е комбинација од куркума, чили, цимет и коријандер и е најздравата комбинација за зачини за вашето тело. Ги намалува маснотиите во крвните садови и со тоа штити од различни кардиоваскуларни болести.