ЖивотУбави совети
За намсевката на вашето дете би направиле се, нели?
Веројатно како родител знаете колку е тешко постојано да го занимавате вашето дете. Но, запомнете дека еден ден тоа дете ќе биде возрасен човек и треба да има прекрасни спомени од неговото детство кои ќе му ја греат душата!
Наместо да ги оставите децата да гледаат цртани, играјте со нив. Направете ги среќни додека сфаќате колку е прекрасно да си безгрижно дете. Можеби некои од следниве предлози ќе ви делуваат бесцелно губење на време, но вреди да ги пробате. Затоа што за намсевката на вашето дете би направиле се, нели?
- Скокоткајте се!
- Гушкајте се!
- Смислете ваши тајни зборови!
- Набљудувајте ја месечината!
- Бројте ѕвезди!
- Заедно учете ги бројките и буквите!
- Танцувајте во автомобилот додека чекате да светне зелено на семафорот.
- Бркајте се.
- Испечете колачиња заедно.
- Натпреварувајте се кој ќе направи посмешна фаза.
- Вежбајте гимнастика!
- Нахранете некое улично куче.
- Научете ги да го поделат чоколадото.
- Смислете кореографија за нивната омилена песна.
- Играјте на буквата, на буквата…
- Помогнете им да одберат книга во книжарница.
- Скокајте по креветот заедно со децата.
- Наполнете им ја кадата со топла вода и оставете ги да се забавуваат.
- Надувајте балони, па пуштете ги да летаат.
- Дозволете им да наберат цвеќе, па да го ставите во вазна.
- Кажувајте им постојано колку многу ги сакате!