ЖивотУбави совети

Здрава и вкусна чорба за имунитет!

Малку необичен и несекојдневен рецепт. Време е за промени! Испробајте го овој одличен рецепт чии вкус ќе ве освои од прва!

Потребни состојки: 4 дуњи, 100гр корен од целер, 100гр компири, 100 гр тенко сечена сланина, 1 главица кромид, 1 чешле лук, сок од половина лимон, 1 лажица путер, ситно сецкан магдонос, 8дл бујон од зеленчук, 3 лажици оцет, малку шеќер и сол и бибет по желба.

Подготовка: Измиените дуњи излупете ги а потоа ситно исечкајте ги. Излупете ги и исечкајте ги компирите, коренот од целет лукот и кромидот, а потоа измиксирајте ги со рачен миксер. Загрејте го путерот на средна температура и додадете му ги лукот и кромидот. Пржете додека не заруменат. Додадете ги компирите, дуњите, целерот и бујонот. Варете поклопено околу дваесетина минути. Измиксирајте ја чорбата со рачен миксер, посолете, наросете црн пипер, додадете ги магдоносот, шеќерот и сокот од лимон. Испржете ја сланината и исцедете го вишокот маснотии. Ставете ја чорбата во чинии за сервирање и додадете оцет. Одозгора декорирајте со сланината и со ситно исечканиот магдонос.

 

Поврзани статии

Back to top button