Заштитете ги своите деца од кариес!
Денталниот кариес е заболување на тврдите забни ткива кое што е предизвикано од дејствувањето на некоја бактерија. Често пати умее да се појави од храна која што е богата со шеќери. Бактериите кои се наоѓаат во усната шуплина се хранат со тие шеќери, а истовремено испуштаат киселини кои ја јадат забната глеѓ.
Заштитете се себе си и своите деца така што ќе избегнувате конзумирање на храна и пијалоци во кои преовладуваат јаглехидрати. Зашеќерените сокови, тортите, бонбоните, колачите, сладоледите и гумените бонбони сведете ги на минимум. Колку поретко ги конзумирате толку подобро ќе се заштитите.
После секој оброк темелно четкајте ги забите и плакнете ја устата. Не смее да останата остатоци од храната како би за заштитиле глеѓта. Редовна орална хигиена е здравје за забите.
Од мали нозе научете ги на правилна и здрава исхрана, на здрави навики за редовна и правилна орална хигиена, редовна посета на стоматолог и употреба на квалитетна паста за заби.