Овој тип на луѓе најмногу лажат!
Сите имате барем по еден познаник “Трчи лажи”. Не знаете што е вистина а што е лага кога тој зборува. Една откриена лага е доволна да се изгуби довербата, но, за да откриете лага потребно е време. Ние ви нудиме помош како на време да сфатите дека се работи за “трчи, лажи” особа.
Прво би помислиле дека највеќе лажат луѓето кои не се интересираат за туѓи животи и проблеми. Но, ни малку не е така. Токму луѓето кои многу време трошат на полемизирање туѓи животни судбини се оние кои најмногу лажат. Таков тип на луѓе се спремни се да направат за добро да изгледаат во очите на другите, живеат во замислена лага која ја презентираат наоколу со убедување и самодоверба. Многу од нив по потрага по среќа, несвесно ве лажат вас, а се лажат и самните себе. Уживаат да прераскажуваат туѓи тажни или срамни приказни за само своите да ги качат на пиадестал.
Затоа, кога ќе бидете во друшто на особа која цело време се фали, а критикува и озборува други бидете сигурни дека пред неа не смеете да извадите ни еден детаљ од вашиот живот. Дека и вашата животна судбина ќе биде прераскажана и преувеличена на маса на која нема да сте вие. Ваков тип на луѓе може да сретнете секаде, едноставно избегнувајте ги.