Три идеи за денешниот ручек
Кога станува збор за ручекот, секогаш имаме дилема што да се направи. Но, денешните три предлози ќе ви ги решат дилемите и ќе ви помогнат да подготвите вкусен ручек. Денеска ви нудиме три начини за да подготвите пилешко месо.
Постапката на подготовка на овие јадења е многу едноставна: пилешките гради ги подварувате и ги ставате да се печат со одредени намирници. Комбинацијата на намирници и зачини ќе ви даде уникатен вкус на ручекот.
Пилешка тава со печурки, суви пиперки и пченка
Подсварените пилешки гради ставете ги во тава која сте ја намачкале со малку масло. Додадете печурки, ситно сецкани цуви пиперки, кромид, пченка, малку кари, сол, бибер, шафран и нане. Ставете да се печи.
Пилешко со грашок
Во тава која претходно сте ја намачкале со путер, ставете го месото, грашок, ренадани моркови, вегета, сол, ситно исецкана сланина. Кога печењето ќе е е при крај, изрендајте кашкавал одозгора и печете уште некоја минутка.
Пилешко со јајца
Во тава ставете го пилешкото месо, тврдо сирење, ситно сецкани домати и пиперки, сол, црна бибер, босилек и копар. Кога печењето ќе биде при крај, одозгора потурете со неколку изматени јајца.
На здравје!