ЖивотУбави совети
Како да си го олесните пеглањето?
Недела е ден кога извршуваме многу домашни обврски како бришење на прашина, метење, перење на алишта, пеглање и средување на облека.
А, пеглата знае да создади главоболка, особено доколку на неа има флеки кои можат да ги уништат нашите алишта.
Еве неколку совети кои ќе ви помогнат пеглањето да биде полесно, а пеглата секогаш чиста:
- Доколку на вашата пегла има флеки кои се лепат за облеката, исчистете ја пеглата со специјален стик кој може да го најдете во секој поголем маркет или пак со теблета парацетамол која ќе ја фатите со пинцета и ќе поминувате со неа врз загреана пегла. Никако не тријте ја пеглата со абразивни средства и груби сунѓери бидејќи може да ја уништите.
- Ако сакате вашата пегла да биде чиста што подолго време, наместо вода од чешма, во резервоарот за пеглање турајте флаширана вода.
- За пеглањето да биде полесно, употербувајте средства за пред пеглање или пак оставете ги алиштата кои треба да се испеглаат на малку пареа во бањата.
- Онаму каде што пеглата не е најдобра опција, како на пример јаки и ракави, употеребете преса за коса која претходно ќе биде добро исчистена.