Кои лекови и препарати да ги понесете на одмор?
Кога се подготвувате за на одмор, не заборавајте на лековите и препаратите кои треба да ги спакувате во вашата торба. Често се случува, поради промена на место или клима да се појават одредени проблеми кои можат да го уништат одморот.
Затоа, потребно е да имате своја аптека која ќе ви биде при рака во неочекувани ситуации. Важно е да ја сместите на суво и темно место и да внимавате на рокот на производите.
Што би требало да содржи вашата домашна аптека која ќе ја понесете на одмор?
Пробиотици – бидејќи стомачните проблеми се чести;
Лекови против болки, за глава, за менструални тегоби или пак за забоболка;
Лаксативи во случај на опстипација;
Сирупи против надразнето грло;
Лекови за желудочни тегоби, како на пример против стомачни киселини или повраќање;
Лекови против алергија (антихистамини);
Маст за модринки и брзо зараснување на рани;
Маст за иритации и изгореници;
Средство за дезинфекција на база на јод или алкохол;
Стерилна газа, фластери и хигиенска вата;
Тополмер и парацетамол;