ЖивотУбави совети
Подгответе ги омилените тостерки!
Со нив пораснавме. Мирисот на тостерки секогаш не враќа во детството и ни буди убави спомени кои живот значат. Пригответе ги омилените тостерки на вашите најмили.
Состојки
300гр домашна маст
5 јајца
300гр шеќер (може и сол, но, многу помалку доколку ги сакате солени)
1кг брашно
1 прашак за печиво
Маста, јајцата и шеќерот со миксер изматете ги убаво. Потоа додадете ги брашното и прашакот за пециво и со рака смесете убаво тесто. На загреан тостер печете ги по една минута.
Доколку се одлучите да ги приготвите солени ви препорачуваме да додадете сусам, семки, сончоглед или ким во тестото.