ЖивотУбави совети

Брз саботен ручек: здрави плескавици без месо и без пржење!

Здрава храна на сите ни е потребна. Што јадеш тоа и зрачиш, велат постарите и во право се. Па, еве ви еден супер предлог за здрав и вкусен оброк. Лесно се припрема, не испуштајте да го пробате!

Состоjки: 0.5 кг сушени домати, 1.5 чаша сончоглед (киснет во вода минимум 2 часа), 1 лажица кари во прав, 2 лажици маслиново масло, 1 лажица мелено конопово семе, Суви тревки и зачини по желба, Хималаjcка coл, 0.5 кг брокула (обарена), Сусам

Сите состоjки освен сусамот се мешаат (може и во блендер).

Се прават топчиња на хартија за печење, па се сплескуваат ќофтина и се валкаат во сусам.
Гарнир: се ставаат врз листови спанаќ или марула се додаваат обарени домати, маслинки и брокула попрскана со таан сос (1 лажичка Таан, сок од половина лимон, 1 лажичка Мед, 1 лукче и се додава вода по желба) Наздравје!

Поврзани статии

Back to top button