ЖивотУбави совети

Храна која треба да ја јадете во летниот период!

Пред нешто да изедете веројатно се прашувате како ќе влијае на вашиот организам, на вашата кожа и на килограмите. Следно прашање кое си го поставувате е дали после тој оброк ќе чувствувате мака, тежина или олеснување.

Ова се намирници кои може да ги јадете секојдневно и во поголеми количини, а да не почувствувате тегобии и кои се полни со витамини и вода. Освежуваат и се препорачливи за летниот период.

Лубеница – симбол на ова годишно време, содржи околу 90% вода. Богата е со Витамин Ц кој е потребен за производство на колаген. Спречува стареење на кожата и помага при губење на килограмите.

Ананас – тропско овошје кое содржи витамини и минерали. Свежо исцеден сок од ананас помага при воспалено грло.

Цитрусни овошја – тука спаѓаат портокали, грејпфрут и лимони. Полни сe со Витамин Ц кој е потребен за производство на колаген. Со конзумација на овие овошки, кожата ќе изгледа помлада, целулитот ќе се намали.

Лосос – Кога треба да бирате од менито за морска храна одлучете се токму за лососот. Богат е со Омега 3 масни киселини. Помага при намалување на килограмите како и секоја друга риба.

Краставица – полна со вода и идеална за да имате хидрирана кожа.

Патлиџан – супер храна за клетките на кожата. Тој не само што го стимулира производството на колаген, туку и војува успешна битка против брчките.

 

Поврзани статии

Back to top button