ЖивотУбави совети

Врската влијае на вашиот сон!

Како спиете? Мирно и без прекини? Или се превртувате цела ноќ, се будите и имате лоши соништа? Можеби за тоа е виновен вашиот партнер! И не, не мислиме на неговото грчење, туку на некои нерешени прашања во вашата врска, со кои очигледно се борите дури и во сонот.

Не е непознато дека емоционалната состојба влијае врз нашите соништа, а токму тоа и било основата на истражувањето кое било направено на 698 парови на возраст помеѓу 35 и 86 години.

Секој од испитаниците морал да одговори на прашања во врска со депресија, вознемиреност и несоница, како и за нивната љубовна врска. Се покажа дека паровите кои одговориле на прашањата поврзани со партнерот и нивниот однос на позитивен начин, спијат многу помирно и подобро.
Од друга страна, паровите чија комуникација е нарушена, исто како и нивната севкупна врска е хаотична, имале сериозни проблеми со несоницата.

Може да мислите дека проблемите на работа, факултет или финансиите се причината за вашиот лош сон последните неколку недели или месеци, но науката покажала дека, ако заспие во прегратките на партнер со кого се чувствувате среќно, безбедно и сигурно, вие ќе ги заборавите сите непријатности и проблеми. Барем до следното утро!

Поврзани статии

Back to top button