Со тек на време учам како да не се нервирам!
Луѓето ги делам на два вида: оние кои ништо не ги допира и оние кои се нервираат за секоја ситница.
Често се пронаоѓав во вторите, а очајно посакував да сум во првите!
По една чудна случка во мојот живот, одлучив максимално да работам на себе и да потрудам да не се нервирам за се и сешто, оти никој нема да ми ги врати нервите. Секој нов ден, учам како да не се нервирам!
Па, така со тек на време научив дека не треба и не вреди да се нервирам за:
- Лудите шофери кои на дождлив летен ден твојот бел фустан ќе го испрскаат со дожд и кал;
- Пријателката која дваесет години има еден ист проблем и секој ден зборува по час време за него;
- Сопругот кој никако да му текне каде ги остава своите работи;
- Колешката која секогаш остава дел од работата за да и ја довршам јас;
- Мајка ми која на секој мој збор има прашање;
- Касиерките кои никогаш не знаат да се насмевнат и се дрски;
- Луѓето кои мислат дека знаат се;
- Жените кои озборуваат за сите;
- Административните работници на кои речиси секогаш системот им е закочен;
- Таксиситите кои ќе ти се развикаат оти им даваш петстотка;
- Шефот кој мисли дека имам два ума и четири раце
Не вреди да се нервирам. Не вреди да ми се покачува притисикот. Се додека луѓето кои се дел од мојата душа се здрави, среќни и живи, ништо нема да ме изнервира. Оти никој не заслужува јас да сум напнати поради него/неа и нивното безобразие. На сите ќе ви кажам каде ви е местото со смирен тон и нема да дозволам да ми го уништите денот!