Чудни и прескапи третмани за разубавување
Богатите и славни личности имаат чудни начини за разубавување. Издвоивме неколку нив, кои не само што се по малку невообичаени, туку се и екстремно скапи.
Плазмолифтинг
Ова е омилениот третман на Ким Кардашијан, а еден ваков третман чини 150 долари. Го нарекуваат и “Vampire Facelift”, а методот вклучува вбризгување на крвна плазма во лицето со помош на инекции.
Третмани со кавијар
Ваквите третмани ја подмладуваат кожата, а најдобриот третман од овој тип може да се испроба во хотелот Ritz Carlton на Менхетен и ќини околу 1250 долари.
Купка со минерланата вода Евиан
Се зборува дека Серена Вилијамс го обожува овој третман. За рекордни 11 илјади долари може да се капите во илјада литри од оваа минерална вода. Засега, ова уживање го има само во хотелот Виктор на Мајами.
Масажа со скапоцени камења
Овој вид на масажа е доста популарен во спа-центрите низ хотелите кои ги поседува Доналд Трамп. Масажата чини околу 300 долари.
Масажа со кактуси
Еден од најпознатите козметички третмани на мексичкиот хотел Four Seasons е токму оваа масажа. Иако звучи болно, сепак не е бидејќи боцките на кактусот се отстрануваат пред третманот, а ова задоволство чини 400 долари.